Свет
1. August 2017 - 14:39

Две лица ранети во пукотници во Регионалниот суд

Две лица се повредени во пукотниците во Регионалниот суд за Москва, јави ТАСС.

Во нападот се повредени стражарот и судски службеник, изјави адвокат, кој во моментот на инцидентот се наоѓал во Судот. 

Наталија Осипова, портпарол на Регионалниост суд за Москва изјави дека инцидентот се случил за време на сослушување на криминална банда од девет лица, кои се обвинети за тероризирање на московските патишта, убивајќи повеќемина моторџии 

Засега не се познати повеќе детали за случајот.