Македонија
30. May 2025 - 14:31

Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје

На 29.05.2025 во 12.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горна Матка, општина Сарај, Ш.И.(36) од с.Грчец, скопско се здобил со повреди во ногата од огнено оружје.

Според пријавеното, додека се движел пеш, две лица испукале проектили кон него и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.