Две лица приведени на Табановце поради шверц на археолошки предмети
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Г. (47) од Србија со живеалиште во с. Марвинци, Валандовско, и М.Ј. (51) македонски државјанин со живеалиште во Виена, Австрија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”.
На 4-ти овој месец, околу 03.30 часот на излез од Македонија кај С.Г. се пронајдени 20 антички монети, едно античко копче, додека, пак, при извршен претрес врз возило „Волво С80“ со австриски регистарски таблици сопственост на М.Ј. пронајдени се 47 римски пари, и други археолошки артефакти (еден прстен, една нараквица и археолошки предмет од глина, десет археолошки монети – артефакти, метален етнолошки рулет и една хартиена паковка со девет археолошки монети артефакти, три метални броша, две парчиња археолошки предмети - дел од вага и две парчиња македонски археолошки монети артефакти.
Пријавените се приведени, а по направениот увид од страна на стручни лица од Музејот во Куманово и двајца археолози констатирано е дека предметите се културно наследство или природни реткости со непроценета вредност.
Со претходно обезбедена судска наредба од страна на полициските службеници при СВР Струмица е извршен претрес во домот и помошни простории на С.Г. при што се пронајдени и околу два килограма непозната растителна материја и неколку стари монети и други предмети. Дополнително, по консултација со ОЈО Куманово одлучено е одземените предмети да бидат сместени во просториите на СВР Куманово се до издавање наредба од Национална установа Археолошки музеј на Македонија – Скопје кој ќе изврши процена на оригиналноста на уметничките предмети.с
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
