Македонија
8. December 2020 - 11:31

Две лица повредени во сообраќајка помеѓу автобус и автомобил на патот Скопје – Куманово

Вчера во 08.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Куманово, во близина на с.Орланци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет круз“, управувано од Ж.Д.(64) од Скопје и автобус „ивеко“, управуван С.Б. од Куманово, двете со скопски регистарски ознаки, стои во соопштението од МВР.

Во незгодата Ж.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобила сопатничка од автобусот В.З.(25) од Куманово, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.