-->
-->
Две лица повредени во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш
-->
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево.
Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Инаку, заради несреќата и за време на увидот сообраќајот на овој дел од патот се пренасочуваше по стариот пат Струмица-Василево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР