Две лица повредени во лавина во Швајцарија
Две лица се повредени денеска попладне во јужниот швајцарски кантон Вале откако беа затрупани од лавина, соопшти локалната полиција.
Првично полицијата објави, повикувајќи се на очевидец, дека десет лица биле затрупани од лавината.
- Навистина имало група од десет скијачи, но во моментот на лавината, осуммина од нив се наоѓале погоре од местото од каде тргнала снежната маса. Човекот кој го пријави случајот помислил дека и тие биле затрупани, изјави за АФП портпаролот на полицијата Стив Леже
- Планински спасувачи ги пронајдоа двајцата повредени и ги одведоа во болница, додаде тој.
Инцидентот се случи во доцните попладневни часови на 2.500 метри надморска височина.
Опасноста од лавини во моментов се проценува на трет степен од петстепената скала за целата територија на Вале. Денеска имало неколку лавини надвор регулираните патеки, посочи кантонската полиција и повика на внимателност.
Ново на Сител
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот