Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
Две лица починаа во Франција поради проблеми поврзани со жештината, а повеќе од 300 примиле итна медицинска помош, соопшти денеска француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер.
Голем дел од Франција вчера ја зафати екстремна жештина, при што највисоко ниво на тревога беше активирано во 16 департмани, вклучувајќи го и Париз. Температурите достигнаа над 41 степен Целзиусов во јужна и централна Франција, додека главниот град регистрира 38 степени, пренесе ДПА.
Локалните медиуми јавија дека некои делови од Франција ги регистрирале највисоките температури некогаш забележани во јули.
Највисокото ниво на тревога, црвено, моментално е во сила само за четири области, иако се очекува температурите да достигнат до 39 степени Целзиусови. Некои училишта остануваат затворени, а се очекува од утре жештината да се намали.
Ново на Сител
-
Пет возила одземени и издадени осум платни налози заради бучава
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка
-
Гевгеличанец при претрес фатен со 26 грама кокаин, ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом пред полицајците
-
ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11
-
Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа
-
Медведев предупредува на понатамошни чекори откако Москва се откажа од мораториумот за ракети со краток и среден дострел