-->
-->
Две кривични пријави по брза постапка против насилник од Скопје, одредена мерка притвор
-->

Денеска (03.08.2022) од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Б.Ф.(36) од Скопје за две кривични дела, и тоа "насилство" по чл.386 и "недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали по чл.396 од Кривичниот законик.
Тој на 02.08.2022 околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што го оштетил и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле и сопругата на З.Т. и нивните две малолетни деца. Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ околу 17.30 часот Б.Ф. бил лишен од слобода, а кај него бил пронајден и пиштол. Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
|
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?