Две Катарки „олеснети“ за најмалку пет милиони евра во Париз
Две државјанки од Катар, кои пристигнале на парискиот аеродром „Бурже“ северно од Париз, биле ограбени заедно со нивниот возач на автопатот на влезот во главниот град на Франција, при што крадците одзеле плен од „најмалку пет милиони евра“, соопшти извор од француската полицијата.
Две маскирани лица го принудиле „Бентлито“, со кое се превезувале двете Катарки, да излезе од автопатот и да се паркира. Откако ги испрскале со солзавец двете жени, на возраст од 60 години, и нивнот возач, маскраните напаѓачи украле „се што се наоѓало во автомобилот: накит, облека и багаж, во вредност од најмалку пет милиони евра, наведува истиот извор.
Делот од автопатот кој ги поврзува париските аеродроми „Роаси-Шарл де Гол“ и „Бурже“, често е место на кражби, чија цел се луксузни авотмобили или странци за кои се претпоставува дека превезуваат големи суми пари во готовина.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд