Две години по смртта на сопственикот ова куче ја минува истата патека

Кучињата се познати по својата верност кон своите сопственици, а ова куче ја сочувало верноста долго по смртта на сопственикот.
Тор секој ден ја минува истата патека која ја минувал со својот сопственик Клаудио додека бил жив.
Ветеринарот објаснил дека Тор по смртта на Клаудио бил толку погоден што се разболел од болка. По смртта на сопственикот грижата за него ја превземала сосетката Саионара Фреитас.
"По смртта на Клаудио, Тор престана да јаде. Само лежеше во дворот. Беше очигледно дека е депресивен и тагува за Клаудо. Тоа ме погоди многу па го замолив семејството на Клаудио да ми дозволат да ја превземам грижата за него. Беше навикнат на мене и без проблеми дојде, но неговото срце и понатаму припаѓа на Клаудио", вели Саионара.
На кого му припаѓа неговата љубов, Тор секојдневно докажува со прошетката на бразилските улици по истата патека која ја шетал со Клаудио. Саионара го следела да види дали ја менува патеката, но тој секогаш го поминувал истиот пат, ветеринарната болница, лотаријата и гостилницата каде Клаудио често јадел.
Пред лотаријате секогаш малку ќе седне да почека бидејќи таму Клаудио се обложувал.
"Како да се надева дека Клаудио ќе се појави. Се колнам дека видов солзи во неговите очи", завршила загрижената сосетка.
Ново на Сител
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
