Две години од првата операција на Државната кардиохирургија
Со 20 до 30 операции месечно и 90-процентнта успешност на тешките, итни случаи, Државната кардиохирургија одлично се развива и се повеќе добива на кредибилност, не само кај пациентите, туку и кај професионалната јавност.
Како што рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров по повод две години од првата операција на Државната кардиохирургија, Клиниката ги имплементира најновите и најсовремени стандарди во лекувањето, применува најсовремени процедури и има најсовремена опрема, а од 2015 година, покрај кардиохируршки, работи и васкуларни процедури.
Тодоров најави зајакнување на тимот во делот васкуларната хирургија со прием на двајца доктори кои ќе бидат пратени на специјализација или субспецијализација. Во план е, нагласи, и зајакнување на тимот анестезиолози со дополнителни тројца лекари и медицински персонал.
- Прокетот за кој докторите сонуваа 40 години, е реалност и одлично се развива. Ако првата година имаше 25 - 30 операции, сега толкав број се прават месечно. Тоа значи дека Државната кардиохирургија одлично се развива, одлично напредува и се повеќе добива на име и кредибилност кај пациентите и кај професионалната јавност, истакна Тодоров.
Според директорот Сашко Јовев, бројката на интервенции се зголемува, како и опсегот на работа.
- Почнавме спорадично, а од јули минатата година на новата Клиника работиме редовно и обемот е се поголем. Се прават 20 до 30 операции месечно. Последниве три месеци направивме вкупно 70, а вкупно сме реализирале 230 од кои 190 кардиохируршки и 30-тина васкуларни, на аорта и каротиди, рече Јовев, додавајќи дека досега се изведени и околу 30 васкуларни операции.
Директорот подвлече дека на Државната кардиохирургија од вкупно десет итни операции, осум до девет се сосема добро направени, додека успешноста на останатите е во европски рамки, со околу 99-процентна успешност.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје