Две годидни затвор за турски новинари поради карикатура на пророкот Мухамед
Суд во Анкара денеска осуди двајца истакнати турски новинари на две години затвор бидејќи своите колумни ги илустрирале со контроверзна карикатура на пророкот Мухамед, првично објавена во францускиот Шарли Ебдо.
Пресудата е изречена за колумнистите на опозицискиот Џумхуриет, Хикмет Џетинкаи и Џејди Каран, кои имаат право на жалба.
Судењето почна во јануари лани под обвинение за „поттикнување јавна омраза и навреда за религиски вредности“.
Весникот Џумхуриет минатата година објави прилог на четири страници со материјал од Шарли Ебдо преведен на турски, и тоа беше прв број кој францускиот сатиричен неделник го објави по смртоносниот напад на исламисти врз редакцијата во 2015 година. Прилогот не ја содржеше контроверзната насловна страна на Шарли Ебдо со карикатура на пророкот Мухамед, но карикатурата двапати беше прикажана на внатрешни страници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот