-->
-->
Две експлозии во Копенхаген
-->

Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии во близина на амбасадата на Израел во Копенхаген, пишува данскиот весник „Политикен“. Нема повредени, се наведува во соопштението на полицијата.
„Никој не е повреден, а ние вршиме првични истраги на местото на настанот“, пишува полицијата во Копенхаген на X. „Се испитува можна поврзаност со израелската амбасада, лоцирана во областа“.
Засега нема коментар од израелското Министерство за надворешни работи. Во текот на денешниот ден, полициските службеници ќе одржат прес-конференција на која ќе соопштат детали за инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
