-->
-->
Две бази во Тексас наменети за притворени мигранти
-->
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп избра две воени бази во Тексас за сместување на мигранти кои се наоѓаат во притвор по илегалното преминување на границата, соопштија функционери од Министерството за одбрана.
Станува збор за базата Форт Блис и воздухопловната база Гудфелов, велат официјалните лица, кои побарале да останат анонимни.
Американскиот секретар за одбрана,Џим Матис вчера изјави дека се избрани две бази за сместување мигранти, но не прецизираше за кои бази станува збор.
Според еден од неименуваните службеници, децата без придружба притворени откако ја преминале границата со САД ќе бидат сместени во една од овие бази, додека во втората база ќе има семејства на задржани мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството