-->
-->
Две бараки зафатени со пожар во Драчево, нема повредени
-->

Две бараки на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево вечерва биле зафатени со пожар, кој по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е локализиран.
- Нема повредени во пожарат, а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје.
Интервенирано е со 25 пожарникари и девет противпожарни возила.
Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал на кровна конструкција од барака на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
