Дванаест Британци уапсени поради трговија со дрога и оружје
Дванаесет Британци, меѓу кои и царински службеник, беа уапсени во Франција и Велика Британија под сомневање дека се вклучени во шверц со дрога и оружје, соопшти денеска британската Национална агенција за борба против криминалот.
Триесет и шест годишниот цариник бил уапсен во петокот од француската полиција во близина на Кале заедно со уште три лица. Полицијата заплени 11 парчиња огнено оружје - девет пиштоли и два револвера, шаржери, како и 34 килограми кокаин и седум килограми хероин.
Малку подоцна во рамки на истата операција, лондонската полиција уапси осум лица во Кент, југоисточна Англија. Шестмина од нив, на возраст од 18 до 40 години, се обвинети за заговор за внесување на оружје и дрога класа А (најопасните дроги како хероинот и кокаинот).
По приведувањето, двајца се ослободени во очекување на заклучоците на истрагата, која се води од британската агенција во соработка со француската полиција.
Ново на Сител
-
Словенија воведува ембарго на оружје за Израел
-
Сончево и потопло
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж
-
Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
-
Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово