Дванаесет случаи на рак на дојка дијагностицирани во Здравствениот дом во Пехчево
На мамографот во Здравствениот дом во Пехчево годинава рак на дојка е дијагностициран кај 12 пациентки. Најмладата пациентка има 22 години, а највозрасната 60 години.
Според д-р Весна Илиевска од Здравствениот дом во Пехчево, бројот на пациентки со канцер на дојка е загрижувачки.
- Ова е евиденцијата само на мамографот во Пехчево. Верувам дека бројот на заболени од рак на дојка во регионот е поголем, бидејќи од причини што 6 месеци не беше во функција мамографот во Берово, многу од пациентките дијагностиката ја имаат направено во другите медицински центри. Инаку, според мене, загрижувачки е порастот на канцер на дојка во регионов, истакна д-р Илиевска.
Таа потенцираше дека навремената дијагностика на малигните промени спасува животи, а скринингот и редовните прегледи треба пациентките да ги сфатат како задолжителни.
- Затоа сакам да апелирам, посебно кај младите, кај девојчињата , па и на 15 години, задолжително да прават ехо на дојка, бидејќи и овде имаме патологија, како фиброаденоми, цисти, за жал не е исклучен и канцерот. Навременото дијагностицирање спасува животи, затоа и на овие скрининзи во кои се опфаќаат пациентки по возрасни групи, пациентките треба да ги сфатат како задолжителни, бдејќи преку скринингот, се им е закажано, тие треба само да дојдат. Имаме ситуација од 10 закажани прегледи преку скриниг да дојдат само 7, рече Илиевска.
Појасни дека во Малешевијата во последниве години за 4,5 пати е зголемен бројот на малигни заболувања, а најмладиот пацеиент имал само три години и кај него е дијагностициран канцер на бубрези.
- Ако една недела немаме канцер на дојка, ќе има канцер на бели дробови, на дебело црево. Сепак, кога ќе се каже дијагноза на канцер тоа не значи дека е се завршено. Напротив, ние како лекари треба да ги подготвиме пациентите и ако пациентот е свесен за својата дијагноза, ако е со позитивна енергија, може и успешно се лекува, рече д-р Илиевска.
Инаку, на крајниот исток, освен мамографот во Пехчево, деновиве почна повторно со работа и мамографот во Берово, а новиот мамограф во Македонска Каменица се очекува да почне со работа за две недели.
Ново на Сител
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски
-
Можни прекини на катастарските услуги поради интервенции во мрежната инфраструктура
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка - Треска во наредните четири дена
-
Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија
-
Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко
-
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка во петок во Истанбул