Двајцата пратеници на НСДП во Собранието ќе делуваат опозициски
Раководството на НСДП вчера го разгледало и усвоило Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата и донело одлука во следниот период нивните пратеници да делуваат опозициски.
-Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10. седница која вчера се оддржа во Скопје. Извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен. По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав, стои во соопштението.
На седницата донесен е заклучок пратениците на НСДП да делуваат во опозиција, а за начинот и формата на делување ќе одлучуваат во септември.
-Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на седницата во септември, наведуваат од НСДП.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат