Двајцата кичевчани се лишени од слобода поради „хероин“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х. (45) од Кичево.
На 3-ти овој месец пријавениот по претходен договор остварил средба со З.В. од кичевското село Трапчин дол, при што му продал една помало пакување со хероин.
При претрес во домот на пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност, најверојатно метадон и една самоделска цевка од алуминиумска фолија. Во неговото патничко моторно возило марка „БМВ“ пронајдени се остатоци од високо адиктивна дрога-хероин.
Истиот ден, по овластување од надлежниот јавен обвинител, двајцата се лишени од слобода, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
-
Франција доби нов премиер
-
Мицкоски очекува со „Новогодишната кошничка“ да се заштити семејниот буџет