Македонија
19. јуни 2016 - 16:10

Двајца загинати во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

20 годишниот Арбен Блаца и 25 годишниот Хабил Асани загинаа во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Сараќино околу 20 часот. Според првичните сознанија на полицијата, двајцата се возеле кон Тетово на моторцикл марка јамаха Р6 што го управувал Хабил.  При тоа оддеднаш моторот излетал од коловозната лента удирајќи во заштитната ограда по што завршиле на спротивниот правец од автопатот.

Поради тешките телесни повреди двајцата починале на самото место, а во клиничката болница во Тетово каде биле однесени само била потврдена нивната смрт.

На местото на несреќата, увид извршија јавен обвинител, судија и полициска екипа. Првично се смета дека излетувањето се случило поради голема брзина на моторот, но деталите треба да ги покаже истрагата. Телата на загинатите се дадени на семејствата за погреб, а мотоциклот е задржан во Полициската станица во Тетово заради утврдување на техничката исправност како и на другите околности.

Месецов ова е втора сообраќајка со млади жртви во Тетовско. На 5 јуни 20 годишна девојка загина на локалниот пат Тетово-Требош исто така поради излетување од пат на возилото со кое се превезувала заедно со уште 3 лица.