Двајца загинати во нови турски напади врз сириските Курди
Најмалку две лица загинаа денеска при нови напади на турската армија врз позициите на силите на партијата на сириските Курди, Демократската унија, во северниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според истиот извор, цел на нападите биле воениот аеродром во градот Муниг, северно од градот Алепо и околните подрачја, кои силите на сириските Курди во средата ги презедоа од исламистичките бунтовници, кои се борат против сириската Армија.
Турската армија ги почна нападите врз позициите на Демократската унија, која Анкара ја смета за терористичка организација поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), вчера во попладневите часови, по што турскиот премиер Ахмет Давутоглу побара од оваа групација „да се повлече од териториите што ги зазеде неодамна“.
Денешниот напад уследи и покрај синоќешните барања на САД, Турција „да прекине со нападите и со артилерискиот оган“ врз позициите на силите на сириските Курди.
- Загрижени сме поради состојбата северно од (градот) Алепо и работиме на деескалација на тензиите во сите правци, изјави доцна синоќа портпаролот на Стејт депертментот, Џон Кирби.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно