Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
Две лица го загубија животот, веројатно во обид да се спасат од огнените јазици, десетина се повредени, а стотици евакуирани од над десет населени места во големиот пожар што избувна вчера северно од градот Лимасол на Кипар и е проширен на површина од 100 квадратни километри, јави дописничката на МИА од Атина.
Според кипарските медиуми, во изгорено возило за време на гаснењето на пожарот, доцна синоќа биле пронајдени две јагленосани тела.
Портпаролот на Противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, за кипарската новинска агенција ЦНА рече дека утрово има нови разгорувања со кои се справуваат, но во моментов нема активен фронт.
Објасни дека интервенираат десет воздушни средства, што ќе се зголемат на 13 и едно ќе биде координативно.
- Досега, пожарот изгоре околу 100 квадратни километри, посочи Кетис.
Кипар го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита, упатувајќи барање за помош, а според владиниот портпарол Константинос Летибиотис, Шпанија ќе испрати дева воздушни средства.
Министерот за правда на Кипар Мариос Харциотис за државното радио рекол дека Јордан ќе испрати два хеликоптери, но и дека Грција го одбила кипарското барање за помош, затоа што во земјата има активни пожари.
Во текот на ноќта беа евакуирани стотици жители на села во околината на пожарот, а населените места денеска се без вода и електрична енергија.
На Кипар не функционира бројот за итни случаи 112 за испраќање предупредувачки пораки за евакуација, како што е случај во Грција.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?