Двајца загинати од пукањето на „Рузвелтова“, третиот се лекува на КАРИЛ
Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.
Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.
- И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.
Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје. Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот.
На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.
Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар..
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот