Двајца загинати и еден исчезнат во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос

Двајца загинати, еден исчезнат и 57 спасени е билансот од новата несреќа со мигранти што се случи во морскиот дел кај грчкиот остров Лезбос, откако чамецот со кој се пренесувале удрил во карпа во близина на брегот, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, несреќата се случила во текот на ноќта во понеделникот, а брод на Фронтекс, кој бил на редовна патрола, бил информиран, но поради неповолните временски услови не било можно помошно пловило да се приближи до чамецот со мигранти.
Чамецот удрил во карпестиот брег, лицата успеале да се префрлат на копно и побегнале во планински дел на островот.
Веднаш била известена полицијата и во утринските часови вчера, во планински предел биле пронајдени 57 лица, а од морето во близина на брегот биле извлечени две безживотни тела.
Според еден од преживеаните, еден од патниците паднал во морето кога чамецот удрил во карпата и оттогаш се води како исчезнат, а продолжува спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
