-->
-->
Двајца скопјани искасани од кучиња
-->
Двајца жители на Скопје вчера во полициска станица во Центар пријавиле дека биле нападнати од група бездомни кучиња.Како што соопшти МВР, едниот инцидент се случил вчера утро околу 7.15 минути на улица „Лазар Личеновски“ кога 59-годишен маж (М.С.) бил нападнат од четири кучиња и бил каснат кај левата потколеница. Нему му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести.
Другиот случај е регистриран на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во четвртокот вечерта околу 22 часот. Ј.С (25) била нападната од неколку кучиња скитници и била касната за десната нога. И на неа и била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
