Двајца повредени во тепачка во тетовска гимназија
Двајца 19 годишни лица од Тетово се здобиле со повреди по тепачката што вечра нешто пред 16 часот се случила во дворот од тетовската гимназија „7 Март “, информираат од полицијата.
Според нивните податоци, во тепачката учествувале седум лица, двајца 19 годишници и петмина 18 годишници, сите од Тетово.
- Меѓу двете групи започнала вербална расправија која брзо преминала во меѓусебна тепачка при што едно 19 годишно лице се здобило се две убодни рани во пределот на грбот, најверојатно од нож, а неговиот врсник со сериозна повреда на раката од удар. На двајцата им била пружена лекарска помош во Тетовската клиничка болница при што поредениот со убоди во грбот бил задржан за лекување, соопшти полицијата.
Петмината 18 годишници, заедно со нивни родители биле повикани на разговор во тетовската полиција, а службени разговори биле извршени и со двајцата повредени.
Во зависност од видот на повредите, од полицијата најавија дека ќе поднесат и соодветна пријава против учесниците во тепачката.
Ново на Сител
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија