-->
  
  
  
  
	-->
  
  Двајца повредени во судар на камион и автомобил
  
-->
  
  
Вчера околу 14.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, во с.Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, управувано од З.С. (44) од Куманово и товарно возило  „Ман“ со српска национална ознака, управувано од М.И. (25) од Р.Србија. 
Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Куманово е префрлен во Ургентен центар Скопје, додека сопатничката од истото возило С.С. (43) од Куманово, се здобила со телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во ЈЗУ-Куманово. 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-   
           Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-   
           Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-   
           Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-   
           Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-   
           Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-   
           Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
-   
           Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ






