-->
-->
Двајца повредени во судар на камион и автомобил
-->

Вчера околу 14.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, во с.Романовце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, управувано од З.С. (44) од Куманово и товарно возило „Ман“ со српска национална ознака, управувано од М.И. (25) од Р.Србија.
Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Куманово е префрлен во Ургентен центар Скопје, додека сопатничката од истото возило С.С. (43) од Куманово, се здобила со телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во ЈЗУ-Куманово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
-
Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето
-
597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање
-
Викендов почнува летното сметање на времето
-
Орбан: Брисел се подготвува за војна
-
Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“
-
Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје
-
Земјотрес почувствуван во Битола и околината