Македонија
1. August 2016 - 16:12

Двајца повредени во бизарна несреќа на автопатот Тетово - Скопје, автомобил и комбе удриле во мечка

Појавувањето на мечката на автопатот Тетово-Скопје кај Групчин и усмртувањето поради тоа што две возила удреле во животното се случило вчера половина час пред полноќ. Прво мечката  удрело товарно возило ивеко, а потоа и сеат леон кој го управувал 36 годишен скопјанец.  По удирањето од двете возила мечка е усмртена, а две лица од сеатот се полесно повредени. 
 
Потоа следувале тешки моменти за полицајците кои се нашле на местото. За да се ослободи автопатот за сообраќај тие се помачиле додека ја подигале мечката во камион цел да се отстрани од коловозната лента. Потоа ја однеле во кругот на сообраќајната полиција во Тетово, од каде текот ја превзеле стручни служби од министерството за земјоделство, шумарство и водостапонство. 
 
Појавувањето на животни на автопатот по што случуваат и сообраќајки годинава резултираше и со една жртва. На 19 април 38 годишна жена од тетовска Мала Речица загина на потегот Гостивар-Тетово откако автомобилот со кој се превезувало нејзиното семејство удрело во три коњи.  
 
Полицијата најчесто бележи бездомни кучиња кои стигнуваат до автопатната лента, а возила удрила и во други видови животни.