-->
-->
Двајца полицајци убиени во вооружен напад во Каиро
-->

Во напад врз контролен пункт во Каиро денеска се убиени двајца полицајци, соопшти египетската државна агенција МЕНА.
Агенцијата наведува дека двајца полицајци биле убиени во нападот, тројца други и двајца цивили биле ранети. Нападот се случил рано утринава во делтата на Нил.
Ниту една милитантна група засега не ја презеде одговорноста за нападот, а египетската Влада наведува дека истрагата е се уште во тек, пренесуваат американските медиуми.
Египет е изложен на бран напади главно насочени врз безбедносните сили откако војската во 2013 година го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
