Свет
21. August 2016 - 13:28

Двајца полицајци убиени во вооружен напад во Каиро

Во напад врз контролен пункт во Каиро денеска се убиени двајца полицајци, соопшти египетската државна  агенција МЕНА.

Агенцијата наведува дека двајца полицајци биле убиени во нападот, тројца други и двајца цивили биле ранети. Нападот се случил рано утринава во делтата на Нил.

Ниту една милитантна група засега не ја презеде одговорноста за нападот, а египетската Влада наведува дека истрагата е се уште во тек, пренесуваат американските медиуми.

Египет е изложен на бран напади главно насочени врз безбедносните сили откако војската во 2013 година го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси.