-->
-->
Двајца починати при пукање во с.Волково
-->
Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава