Македонија
4. April 2018 - 10:44

Двајца пешаци покосени во Скопје, маж и жена тешко повредени

Вчера утро околу 09,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје на булеварот„Александар Македонски“ патничко моторно возило “Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици управувано од М.А. (32) од Скопје удрило во Н.Т. (39) од Скопје. Со повреди се здобил пешакот и со возило бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Неколку часа подоцна во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје на улицата „Васил Ѓоргов“, Р.В.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки удрил во пешак М.Е.(61) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош повредената М.Е. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.