Двајца македонски шахисти учествуваат на Европското школско првенство во Драч
Во албанскиот град Драч во тек е Европското школско првенство во шах на кое настапуваат двајца македонски претставници, Илијана Велева и Валтон Џеладини.
Во категоријата девојчиња до 11 години, Велева по воведните пет кола е на 17 место со 2 поени, додека Џеладини во категоријата до 17 години е на 12 место со 2.5 поени.
Велева освои цел поен во дуелите против Софија Олариу – Чилут од Романија и Фиона Хоџа од Албанија, додека претрпе порази од Грузијката Анета Кеделидѕе, Романката Теодора Анисиа и Софија Миловиќ од Црна Гора.
Во шестото коло Василева со бели фигури за противничка ќе ја има Естер Галмиди од Израел.
Џеладини забележа победи против Херги Лара од Албанија и Алаудин Штавица од Косово, ремизираше против Ахмет Јусуфи од Косово, а претрпе порази во дуелите со Агил Исраилов од Азербејџан и неговиот сонародник Хусеин Сејид.
Џеладини во шестото коло со бели фигури ќе против Австриецот Адријан Бакаларз.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР