Двајца македонски државјани прегазени во Будва, има повредени уште неколку лица
Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци.
Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград кој ноќва, околу еден часот по полноќ со своето БМВ прегазил шест пешаци. Полициски патроли ги блокирале излезите од градот откако автомобилот бил пронајден напуштен на патото кон брдото Топлиш.
Како што објави весникот „Вијести“, белграѓанецот ги прегазил шесте пешаци кои оделе по тротоарот на главниот булевар, враќајќи се по излегување во град.
Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и српските државјани А.Ц. (19) од Лозница, Н.Л. (18) од Тршич и С.Б. (18) и Н.М. (19) двајцата од Бања Ковиљача,
Сите пешаци се здобиле со полесни повреди и се префрлени во которската болница.
Откако ги прегазил пешаците, момчето, наводно, продолжило да вози и не застанал да види што се случило со повредените.
Ново на Сител
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар