Двајца кандидати за градоначалник, три советнички листи во Крива Паланка

До Општинската изборна комисија во Крива Паланка до ноќеска на полноќ, кога истече рокот, доставени се две кандидатури за градоначалник и три кандидатски листи за советници за претстојниет локални избори.
Кандидатура за градоначалник е поднесена од Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија за локалните збори 2017, за Борјанчо Мицевски, актуелен претседател на Општинската организација на СДСМ , Крива Паланка и од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за Арсенчо Алексовски, актуелен градоначалник на Крива Паланка, кој ќе влезе во трка за трет мандат по ред за градоначалник.
- Граѓаните ќе одлучуваат за нов состав на општинскиот Совет помеѓу кандидати од три советнички листи и тоа на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија за локалните збори 2017, чиј носител е Елизабета Павловска, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ чиј носител е Игор Тодоровски и од Општински сојуз на Левица, Крива Паланка, со носител Јованче Маџовски. Во тек е административната проверка на доставената документација за сите кандидати за советници, дали истата соодветствува со законот за локални избори 2017, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.
Доколку бидат утврдени какви било недостатоци по однос на предложените кандидати, ОИК ќе ги извести претставниците на партиите подносители на листи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
