Двајца дилери не застанале на полициски знак, фрлале дрога низ прозорец
На 05.11.2020 година во 22:40 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОВР Гостивар, по преземени мерки и активности, во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, гостиварско, се лишени од слобода Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Додека Ш.Д. управувал патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Двете лица набрзо се приведени во ОВР Гостивар за понатамошна постапка.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба