Двајца цивили загинаа, а двајца се повредени во гранатирањето на руската област Брјанск, тврди гувернерот Богомаз
Во украинското гранатирање на селото Чауси во руската област Брјанск, загинаа двајца цивили, а двајца се повредени, изјави денеска гувернерот Александар Богомаз на својот канал Телеграм.
„Вооружените сили на Украина го гранатираа селото Чауси, округот Погарски. За жал, како резултат на гранатирањето, еден човек загина, а двајца селани се повредени. Повредените се префрлени во окружната болница, каде ја добиваат целата неопходна медицинска нега“, напиша Богомаз.
Подоцна, гувернерот објави дека уште еден маж починал од раните. Според гувернерот, во гранатирањето бил оштетен имотот на земјоделското претпријатие. Оперативните и итните служби се на лице место. Округот Погарски се наоѓа во југозападниот дел на Брјанската област, во близина на границата со украинскиот регион Черниговск.
Вооружените сили на Украина редовно ја гранатираат областа и другите погранични области и лансираат беспилотни летала со експлозив.
Од 3 февруари годинава во регионот Брјанск на сила е високо, жолто ниво на терористичка закана. На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да пријават во полиција сомнителни лица, автомобили и напуштени предмети.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025