Двајца браќа со лопата и мотика ги решавале проблемите - Струмичанец се бори за живот
На 03.05.2017 година околу 19.00 часот во с.Василево, струмичко, во дворот од куќата на Д.Ц.(41), по претходна расправија, дошле браќата Ѕ.А. (36) и М.А. (32), двајцата од истото село, по што Ѕ.А. со лопата го удрил Д.Ц. во пределот на телото, а потоа со мотика, односно со сечивото, го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му повреди. Д.Ц. со ПМВ бил пренесен во Медицински центар Струмица од каде, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
Истиот се наоѓа во животна опасност. Сторителот и неговиот брат се лишени од слобода и приведени во СВР Струмица. Предметите со кои е извршено делото се обезбедени. Во присуство на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?
-
МЖСПП ги објави резултатите за загадувањето на воздухот во Трубарево
-
СДСМ: 400 пожарникари без плата
-
За време на семинар се затруле со храна во ресторан во Куманово
-
ССК со предлог до Владата - Вишокот административци да го трансферираат во приватниот сектор
-
Анализа: Нов закон за средно полициско училиште - Предности и недостатоци