Македонија
4. May 2017 - 13:50

Двајца браќа со лопата и мотика ги решавале проблемите - Струмичанец се бори за живот

На 03.05.2017 година околу 19.00 часот во с.Василево, струмичко, во дворот од куќата на Д.Ц.(41), по претходна расправија, дошле браќата Ѕ.А. (36) и М.А. (32), двајцата од истото село, по што Ѕ.А. со лопата го удрил Д.Ц.  во пределот на телото, а потоа со мотика, односно со сечивото, го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му повреди. Д.Ц. со ПМВ бил пренесен во Медицински центар Струмица од каде, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Истиот се наоѓа во животна опасност. Сторителот и неговиот брат се лишени од слобода и приведени во СВР Струмица. Предметите со кои е извршено делото се обезбедени. Во присуство на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.