Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново дека ќе го убијат
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице -градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник.
Ново на Сител
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија