Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила.
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потпол
ковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на спомениците на паднатите бранители во Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“.
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Каролина Насковска и Благој Бочварски, ќе положи цвеќе во во селото Љубанци.
Почит на загинатите бранители ќе им биде оддадена и од Општина Ѓорче Петров, пред споменикот во нивна чест поставен кај кружниот тек во Волково.
На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.
Ново на Сител
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните