Македонија
29. January 2018 - 12:00

Дваесет и двегодишник удрил полицаец во Неготино

Дваесет и двегодишно момче од Неготино завчера удри полицаец во Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој појасни дека на настанот му претходела пријава од неготинец за поплака од момчето.

Полициски службеници се упатиле во објект во кој се наоѓал дваесет и двегодишниот, а кога тој ги видел, почнал да упатува закани и во еден момент го фатил едниот полициски службеник за елекот од униформата, го повлекол кон себе и го удрил.

Напаѓачот бил приведен и задржан во pолициска станица и по целосно документирање на настанот, ќе следи соодветна пријава.