Дваесет години од Дејтонскиот мировен договор
Војната во Босна и Херцеговина заврши со потпишување на Дејтонскиот мировен договор на 21 ноември 1995 година. Договорот беше потпишан од тогашните претседатели на БиХ, на Хрватска и на Србија, Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ.
Со договорот парафиран во воената база во Дејтон по тринеделни преговори со посредство на САД, БиХ е поделена по принципот 51 проценти на Федерација БиХ и 49 отсто на Република Српска, а воспоставен е и посебен Дистрикт Брчко.
Дејтонскиот договор има вкупно 11 анекси, со кои се опфатени воените, политичките и цивилните аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација. Анексот четири денес е Устав на БиХ.
Договорот постигнат во Дејтон, Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го потпишаа три недели подоцна на 14 декември 1995 година во Париз.
Ориганалниот документот е загубен. Две децении од потпишувањето, договорот различно се интерпретира - од неприменлив, до надминат и непотребен поради што политичарите во БиХ повторно зборуваат за негова ревизија.
Сите тројца потписници се починати. Почина и поранешниот меѓународен пратеник за Балканот и „автор“ на Дејтонскиот договор американскиот дипломат Ричард Холбрук.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана