-->
-->
Два земјотреса во Загреб
-->

Два послаби земјотреси се регистрирани синоќа во Загреб. Посилниот од двата земјотреси се случи во 1.58 часот и вознемири дел од граѓаните. Беше со јачина од 2,8 степени.
„Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа два слаби земјотреси кај Маркушевац синоќа, 7 март 2024 година. Првиот се случи во 1:55 часот со јачина од 1,9 степени, а вториот три минути подоцна, во 1:58 часот со со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, а проценетиот интензитет во епицентарот на ЕМС II-III степен, односно III-IV степен ЕМС“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
ЕМСЦ соопшти дека епицентарот на земјотресот во 1:58 часот бил на длабочина од 6 километри.
Луѓето јавуваат дека земјотресот многу се почувствувал и во Загорје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
