-->
-->
Два силни земјотреса ја погодија Колумбија
-->
Два земјотреса со интензитет од шест и 5,8 степени според Рихтерова скала се регистрирани денеска во централниот дел на Колумбија, на околу 150 километри од главниот град Богота.
Веднаш биле активирани сирените за евакуација во Богота. Потресите се случиле околу 14 часот по локално време, кога луѓето се наоѓале во своите домови поради денешниот празник. Стотици граѓани во паника излегле на улиците, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Еден жител на Богота изјави дека „земјотресите биле многу силни, а при враќањето во својата куќа е почувствуван и трет потрес“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаци во Скопје
-
Тешка сообраќајка во струмичко, загина 46-годишен возач
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони