Македонија
6. March 2019 - 17:07

Два пожари во Кавадаречко

Два пожари предизвикани од несовесно горење на отпад од лозја регистрира денеска Територијалната противпожарна единица. Ова за МИА го потврди командирот Александар Чадамов.

– Неконтролираното постапување со лозовите прачки по резидба секојдневно предизвикува и по неколку пожари. Со пламените јазици се бориме повеќе часови, веќе повикавме да дојдат и пожарникари кои не се на смена. Денешните пожари се во атарот на росоманските села Манастирец и Рибарци. Горат сува трева и нискостеблеста шума, но зафатени се и багремови дрвца, рече Чадамов.

Само денеска, од огнот се зафатени дваесетина хектари површина.