Два пати ја натерал да земе кредит на нејзино име за негова корист - битолчанец направил голема измама
Секторот за Внатрешни Работи Битола поднесе кривична пријава против Г.Т. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од почетокот на декември 2016 година до средината на јануари 2017 година, пријавениот во два наврати ја довел во заблуда Р.К. од Битола да земе кредит на нејзино име со цел пријавениот да купи мобилен телефон кој ќе го исплаќа, на што истата се согласила. По ова, од продавница во Битола, пријавениот зел телефон во вредност од 60.000 денари и откако оштетената ги потпишала документите истите ги зел пријавениот. Во средината на јануари, пријавениот повторно ја довел во заблуда пријавителката дека ќе купуваат телефон за неа од друга продавница. Повторно земале мобилен телефон во износ од 60.000 денари. Договорот кој го потпишала оштетената и мобилниот телефон ги зел пријавениот, а на оштетената и дал мобилен телефон “Сони Ериксон“ постар модел. Пријавениот до поднесувањето на пријавата немал платено ниту една рата за двата телефони, со што ја оштетил Р.К. за износ од 120.000 денари.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест