Два нови случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 88 заразени
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека од извршените испитувања во текот на минатиот ден, двајца испитаници резултираа позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот коронвирус во земјата достигна до 88, јави дописникот на МИА од Приштина.
Двете лица, кај кои вчера е потврдено присуството на вирусот, според соопштението на ИШПК, се заразени од контакти со лица, кај кои претходно биле дијагностициран новиот коронавирус. Еден од новите случаи е жител на Приштина, а другиот од Ѓаковица.
Во текот на вчерашниот ден во Лабориторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК се испитани 108 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од новиот вирус, со што вкупната бројка на испитаници од 8 февруари до синоќа изнесува 991.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка