Два напада во Јемен, 51 загинати
Најмалку 51 лице загинаа, а 56 се повредени во ракетниот напад на воена парада во Аден, додека во друг напад се убиени тројца полицајци, соопштија јеменски безбедносни и медицински извори.
Одговорноста за нападот на парадата ја презедоа Хутите, кои истрелале балистичка ракета со среден дострел и вооружен дрон.
– Експлозијата се случи зад местото каде што се одржуваше церемонијата во воениот камп Ал Џала во Аден, изјави еден очевидец.
Исто така, најмалку три полицајци загинаа, а 20 лица се повредени, меѓу кои и тројца цивили, кога бомбаш-самоубиец влетал со автомобил во полициска станица во Аден.
Аден е седиште на јеменската меѓународно призната Влада, која е во судир со бунтовниците Хути, кои го контролираат главниот град Сана и поголем дел од северен Јемен.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот